Нова услуга и поволност за клиентите на Капитал Банка - Добивајте го својот извод во Е-мејл сандаче

01.12.2010

Нова услуга и поволност за клиентите на Капитал Банка - Добивајте го својот извод во Е-мејл сандаче

Со цел нудење на дополнителни привилегии и олеснувања на клиентите, како и учество во општествената одговорност кон заедницата за превземање на мерки за заштита на околината, Капитал Банка воведе нова услуга со која сите клиенти ќе можат да го добиваат својот месечен извод преку Е-мејл.

Со користење на оваа услуга на нашите клиенти им овозможуваме:

  • Бесплатна услуга која овозможува едноставност при добивањето на изводот
  • Поголема сигурност и заштита од евентуална злоупотреба
  • Ажурно информирање за сите нови продукти, услуги и промени
  • Активно учество во заштита на околината и природата

Капитал Банка ја промовира политиката за заштита на околината и природата ги повикува сите свои клиенти да дадат сопствен придонес добивајќи го својот месечен извештај во Е-мејл сандаче.

За активирање на оваа услуга се што треба да се направите е да ја ажурирате Вашата Е-мејл адресата во некоја од експозитурите пополнувајќи формулар или да ги пополните податоците подолу и да ги дадете на вработено лице во Банката:

За сите потребни информации обратете се во експозитурите на Капитал Банка во Скопје и Струмица, на info@capitalbank.com.mk како и на www.capitalbank.com.mk.

*Капитал Банка учествува во општествената одговорност и превземање мерки за заштита на природата и околината. Бидете и вие дел! Добивајте го својот извод во Е-мејл сандаче.


Курсна листа

ВАЛУТА КУПОВЕН ПРОДАЖЕН
EUR 61.35 61.78
USD 45.78 47.16

целосна листа

Е-Информатор