05.05.2011

Нова експозитура нa Капитал Банка во населба Аеродром
05.05.2011. Скопје. Водејќи се од потребата за дополнително излагање во пресрет на потребите на клиенти, Капитал Банка АД Скопје ја прошири мрежата на своето работење со уште една нова експозитура.
Денес во 12 часот официјално беше отворена и започна со работа новата експозитура на Банката лоцирана во скопската населба Аеродром. Експозитурата беше свечено отворена од страна на Претседателот на Управниот Одбор на Капитал Банка, Г-динот Борислав Захариев, Г-динот Станимир Крустев – член на Надзорниот Одбор на Банката и Г-ѓата Марија Дамјановска– официјален претставник на Општината Аеродром.
На официјалното отварање воедно присуствуваа и голем број претставници на бизнис опкружувањето, официјални лица, клиенти и менаџмент на Банката.
„Аеродром е еден од најактивните економски региони во Скопје. Со отворањето на новата експозитура целта е да се помогне на развој на бизнисот во општина Аеродром, како и да се понуди посовремен и поефикасен пристап при опслужување на нашите клиени, чиј број константо бележи пораст. Капитал Банка и во иднина ќе се држи до своето мото на работење-нудење на иновативни продукти и услуги на највисоко европско ниво” - рече Г-динот Захариев, Претседател на УО на Банката.
По повод свечено започнување со работа на експозитурата, Капитал Банка пласираше супер промотивен пакет на продукти со 5,55%, со кој на сите клиенти ќе им биде овозможено до 30.06, да ги искористат следниве привилегии:
• 5,55% каматна стапка за MasterCard кредитна картичка.
• 5,55% каматна стапка за депозит орочен во ЕУР на 15 месеци.
Отворањето на експозитурата претставува уште еден чекор напред кон реализација на стратегијата на Банката и претставува одличен повод за одбележување на 15 години успешно опстојување на македонскиот пазар, финансиска иновација, стабилност и посветеност кон клиентите.
Експозитурата е лоцирана на Булевар Јане Сандански бр.26-зграда 1/локал 6. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок, од 8 до 16:00 часот.
Новата експозитура е опремена следејќи ги сите стандарди за безбедност и сигурност, пратејќи ги највисоките европски стандарди, со цел овозможување на непосреден и директен контакт со клиентите. Истата ќе ги извршува сите активности од областа на работа со население и правни лица, платен промет и останати банкарски работи.
Воедно ги информираме сите наши клиенти дека банкоматот на Капитал Банка кој досега беше лоциран во ТЦ Бисер, од сега па натаму се наоѓа во новата експозитура на Банката на наведената адреса.
За сите потребни информации, обратете ни се на 02/ 3102-555, на info@capitalbank.com.mk, како и на www.capitalbank.com.mk.