Новоотворени шалтери на Капитал Банка АД Скопје
26.10.2011

Новоотворени шалтери на Капитал Банка АД Скопје
Капитал Банка АД Скопје, поблиску до своите клиенти во Општина Центар и Чаир
Среда, 19 октомври 2011 година, Капитал Банка АД Скопје официјално ги отвори своите два нови шалтери за работа со клиенти во склоп на Авто Мото Сојузот на Република Македонија во општините Центар и Чаир.
Во насока на означување на нашето 15 годишно постоење, Капитал Банка АД Скопје направи уште еден чекор во исполнувањето на поставените цели, успешно 15 годишно постоење на пазарот, проширување на деловната мрежа, достапност и посветеност на клиентите нудејќи им современи производи и решенија согласно европските стандарди.
Шалтерите нудат квалитетна услуга, флексибилност и брзина при уплата на сите административни такси поврзани со регистрацијата и техничкиот преглед на возилата, дополнително ќе извршуваат активности од областа на работа со население и правни лица, платен промет, кредитно и депозитно работење, работење со платежни картички и останати банкарски работи.
Шалтерите се лоцирани на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.51 – Центар и ул. Лазар Трпковски бб – Чаир.
Работното време на шалтерите ќе биде од 07:00 до 19:00 часот секој работен ден и сабота од 09:00 до 14:00 часот.
За сите потребни информации, обратете ни се на 02/ 3102-500, на info@capitalbank.com.mk, како и на www.capitalbank.com.mk.
КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ