Јубилеeн промотивен пакет на Капитал Банка
18.11.2011

Капитал Банка АД Скопје, по повод одбележување на 15 години успешно опстојување на македонскиот пазар, го пласираше Јубилејниот промотивен депозит - 15 години Капитал Банка, кој покрај атрактивните каматни стапки во себе носи низа поволности и бенефиции кои Капитал банка ги нуди на сите клиенти.
Јубилеен депозит на Капитал Банка – 15 месечен орочен штеден влог со каматна стапка од 5,15% за депозит во евра и 9,15% во денари за целиот период на штедење.
Пакетот од поволности по повод Јубилејот на Банката ги нуди следните бенифиции за сите клиенти:
- Фиксна каматна стапка за период од 12 месеци,
- Дебитна и кредитна картичка без чланарина за првата година,
- Бесплатно електронско банкарство, за времетраење на депозитот,
- Можност за предвремено повлекување на средствата по поволни услови.
*Номиналната годишна каматна стапка на 15 месечниот депозит изнесува 4,12% за орочени штедни влогови во евра и 7,32% во денари.
Промотивниот период важи до 28.02.2012 .
Посетете ги нашите експозитури и консултирајте се со нашите вработени, тие ќе Ви го понудат најдоброто решение за Вас.
Ве очекуваме!!!
За сите потребни информации, обратете ни се на 02/ 3102-555, на info@capitalbank.com.mk.