Нова експозитура нa Капитал Банка во Тетово
11.01.2012

11.01.2012. Тетово.Водејќи се од потребата да се помогне во развојот на бизнис заедниците, како и да се понуди посовремен и поефикасен пристап при опслужувањето на нашите клиенти, Капитал Банка АД Скопје ја прошири мрежата на своето работење со уште една нова експозитура.
Денес во 12 часот официјално беше отворена и започна со работа новата експозитура на Капитал Банка лоцирана во Тетово. Експозитурата беше свечено отворена од страна на Членовите на Управниот Одбор на Капитал Банка, Г-динот Ацо Илиески и Г-динот Игор Стојнев, Г-динот Станимир Крустев – член на Надзорниот Одбор на Банката и Градоначалникот на град Тетово Г-дин Сади Беџети.
На официјалното отварање воедно присуствуваа и голем број претставници на бизнис опкружувањето, официјални лица, клиенти и менаџмент на Банката.
„Тетово е еден од најразвиените градови во западна Македонија. Со отворањето на новата експозитура целта е да се помогне на развој на бизнисот на задницата, како и да се понуди посовремен и поефикасен пристап при опслужување на нашите клиенти. Банката има за цел да им понуди на своите клиенти нови подобрени услуги, дополнителни бенефиции и непосреден контакт, следејќи ги европските трендови за модерно банкарство. Ќе се фокусираме на кредитирање на мали и средни претпријатија, кои ќе стимулираат економски раст и нови вработувања, опслужување на физичките лица како кредитирање, депозитно работење и платен промет. Се водиме пред се од идејата клиентите да ја перцепираат нашата банка како Центар кој нуди комплетна и професионална банкарска услуга а воедно и како Банка која е нивен вистински лојален партнер.” - рече Г-динот Илиески, Член на УО на Банката.
Отворањето на експозитурата претставува уште еден чекор напред кон реализација на развојната стратегија на Банката а воедно и одличен начин за одбележување на 15 години успешно опстојување на македонскиот пазар, финансиска иновација, стабилност и посветеност кон клиентите.
По повод свечено започнување со работа на експозитурата, Капитал Банка ја понуди депозитна кампања за орочени средства на 15 месеци со каматана стапка од 9,15% за денари и 5,15% за евра. Промотивно со истата нудиме бесплатно електронско банкарство, кредитна и дебитна картичка без чланарина за првата година и многу други поволности. Понудата важи до 28.02.2012.
Експозитурата е лоцирана на Булевар Илирија бр.39.
Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок, од 8 до 16:00 часот.
За сите потребни информации, обратете ни се на 02/ 3102-500, на info@capitalbank.com.mk, како и на www.capitalbank.com.mk.