Правни лица

Нашата цел е да им овозможиме на нашите клиенти врвна, професионална и квалитетна услуга, со фокус на кориснички услуги и програми за ВИП клиенти, каде што секој клиент има свој личен банкар со единствена задача да одговори целосно на потребите на клиентите.
Се стремиме кон највисок стандард на финансиски услуги и помош во остварување на нивните зацртани лични и бизнис цели, истовремено градејќи долгорочни релации и взаемна корист, нудејќи им иновативни и конкурентни банкарски продукти и услуги.  Веруваме во подобрување на просперитетот на  нашите клиенти, нашите вработени и акционери,  преку овозможување на  нови вредности на оние кои ги опслужуваме.

• Овозможување на финансиски сервиси од највисок стандард.
• Взаемна доверба меѓу нашите клиенти, партнери, вработени и акционери со креирање на дополнителна вредност.
• Флексибилни финансиски решенија,  целосно свесни за растечкиот потребности на локалниот пазар.
• Супериорно банкарско искуство со поставување на нашите ценети клиенти на прво место.
• Иновативни продукти и услуги произлезени од најдобрите европски стандарди и пракса.

Финансиски консалтинг


Финансискиот консалтинг опфаќа управување со ликвидноста на средствата на клиентите преку иновативни производи и хеџинг, реструктуирање на финансиите, финансирања за пазарно консолидирање и други дополнителни активности кои ќе придонесат кон оптимизација на структурата на активата и пасивата на клиентите и намалување на нивните трошоци.

 

Финансирање на недвижен имот

Капитал Банка АД Скопје нуди широка лепеза на  продукти за финансирање на недвижен имот во рамките на трансакции со недвижности од страна на професионални инвеститори, градежни компании,  и изведувачи кои имаат добар кредитен рејтинг и адекватна вредност на имотот предметна инвестирање.Банката користи  индивидуализирани финансиски модели базирани на специфичниот паричен тек на инвестицијата овозможувајќи директно таргетирање на  потребите на лиентите, со скроени решенија по мерка, брзи одлуки и издржан квалитет.Банката ги концентрира своите активности кон финансирање на недвижен имот кој вклучува комерцијални недвижнини (недвижнини кои генерираат приход), инвестиции во згради и земја кои треба да генерираат приходи во иднина било преку капитална добивка или преку приходи од наем (рента). Комерцијалните недвижнини опфаќаат деловни згради, индустриски недвижнини, хотели, деловни и шопинг центри итн.

Јавни Финансии

Во полето на Јавно Финансирање- Банката нуди специјализирана финансиска експертиза и длабоко разбирање на јавниот сектор кое ќе се трансферира во можноста за доставување на иновативни финансиски решенија, максимизирање на додадената вредност истовремено со минимизирање на трошоците. Jавнотото финансирање подразбира скроено финансирање за јавноста или јавно-приватните проекти, претежно на локалните власти и владините институции (општини, агенции и фондови), односно на општинско или регионално ниво, вклучувајќи ги средствата на Европската Унија во сферата на:

Основна Инфраструктура

Tранспорт (железница, јавен транспорт, аердроми, патишта);
Управување со отпадоци;
Енергија (добавувачи и дистрибутер на струја);

Социјална Инфраструктура

Здравствена нега (болници, домови за нега, итн);
Јавни установи, образование (школи, универзитети, студентски домови);
Социјални станови

За подетални информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД.



Курсна листа

ВАЛУТА КУПОВЕН ПРОДАЖЕН
EUR 61.35 61.78
USD 45.78 47.16

целосна листа

Е-Информатор