Капитал Банка постои на македонскиот пазар веќе 15 години како прва банка со странски капитал во банкарскиот сектор, поставувајќи ја основата за трансформација на банкарската индустрија во Македонија.
Во 2000 година Капитал Банка беше првата која на пазарот пласираше дебитни и кредитни картички, charge и revolving кредити, инстант кеш кредити, бизнис пакети и ПОС мрежа, како и услуги во полето на опслужување на правни лица во областите на кредитирање, платен промет, издавање гаранции, исплата на плати, електронско банкарство и друго. Од самиот почеток на своето работење Капитал Банка стана синоним за внесување иновации на банкарскиот пазар во земјата, водејќи се од основната цел да понуди високо квалитетна услуга на своите клиенти.
Банката континуирано вложува во професионални процеси со акцент на ефикасност и дизајнирање производи според потребите на клиентите давајќи значаен придонес кон креирање на нивниот успех.
Од 2007 година Капитал Банка станува дел од Alfa Finance Holding, водечка Бугарска групација во полето на финансиски услуги, недвижнини, индустриски минерали, извори на чиста и обновлива енергија, активна низ Југоисточна Европа. Оттогаш па натаму, промовира нова структура, иновативен пристап, менаџмент и стратегија на работење.
Капитал Банка од неодамна е преселена во новите проширени простории на ТЦ Соравија, со цел да им понуди на своите клиенти нови подобрени услуги, дополнителни бенефиции и непосреден контакт, следејќи ги европските трендови за модерно банкарство.
Експозитурата 1 е лоцирана на -1 спратот во трговскиот центар, додека втората Експозитура е позиционирана во централниот фреквентен дел на Струмица.
Нашата мисија
Нашата мисија е да им понудиме на клиентите највисок стандард на финансиски услуги и да им помогнеме во остварување на нивните зацртани лични и бизнис цели, истовремено градејќи долгорочни релации и взаемна корист. Веруваме во подобрување на просперитетот на нашите клиенти, нашите вработени и акционери, преку овозможување на нови вредности на оние кои ги опслужуваме.
Нашата визија
Капитал Банка е банка специјализирана за понуда на банкарски услуги со микро, мали и средни компании, понуда на портфолио картични продукти, јавно финансирање, корпоративно финансирање и финансирање на недвижности, финансиски операции, банкарство на мало, депозитно работење, домашен и меѓународен платен промет, приватно и електронско банкарство. Банката функционира како центар на компетенции во нудење на клиентски решенија на највисоко ниво за Мали, Микро и Средни претпријатија, Корпорации, Општини и Јавно-Приватни проекти преку комбинација на финансиски продукти скроени по мерка и соодветен финансиски консалтинг. Нашето уникатно пазарно позиционирање е изградено како резултат на членството во Алфа Финанс Холдинг водечка европска финансиска група во Југоисточна Европа која цели кон достигнување на водечка позиција на Македонскиот пазар, истовремено зачувувајќи го чувството за локални вредности.
Наши вредности
Безбедност - целиме кон солиден пораст и максимизирање на вредностите преку овозможување на финансиски сервиси од највисок стандард.
Доверба – Уверени сме дека довербата е почетната точка во секоја соработка и веруваме дека заедничката доверба меѓу нашите клиенти, партнери, вработени и акционери може да креира дополнителна вредност.
Чувство за пулсот на Македонија - нудиме флексибилни финансиски решенија, целосно свесни за растечките потребности на локалниот пазар.
Посветеност кон клиентите – креирање на супериорно банкарско искуство со поставување на нашите ценети клиенти на прво место.
Најдобра Европска пракса - нудиме иновативни продукти и услуги произлезени од најдобрите европски стандарди и пракса.
Нашите принципи
•Посветени сме на остварување на стратешките цели и максимизирање на повратот на капиталот.
•Работиме за солиден резултат водејќи сметка за ризиците.
•Се позиционираме како висококомпетентен играч на повеќе полиња, со скроени продукти за микро, мали и средни компании, општински и јавно–приватни проекти, комбинирајќи ги финансиските продукти со консалтинг услуги.
•Нашите вработени се нашиот главен капитал. Високо го цениме професионализмот и експертизата и промовираме работна средина каде индивидуалните вештини се стимулирани, а знаењето ефикасно се применува.
•Целиме кон отворена и директна комуникација со нашите вработени и партнерски односи со нашите клиенти.