Услуги
Капитал Банка е специјализирана во секторот на поддршка и финансирање на мали и средни претпријатија, инвестициско и приватно банкарство, стимулација на бизнисот и бизнис климата, со акцент на инфраструктурни инвестиции, поддршка на проекти од јавен интерес и недвижнини, потпирајќи се на експертизата и know-how од Alfa Finance Holding и нејзиното успешно делување во регионот на Југоисточна Европа, реализирајќи низа успешни проекти.
Во рамките на широката на палета на услуги што ги нудиме на пазарот за нашите клиенти се следниве:
• Консалтинг и финансирање на јавни, јавно-приватни проекти
• Корпоративно банкарство
• Финансирање на мали и средни претпријатија
• Финансирање на недвижности
• Финансиски операции
• Подготовка на стратегиски проекти за клиенти во областа на јавното финансирање и пристап кон ЕУ фондовите
• Хипотекарно финансирање
• Кредитни картички
• Продукти за штедење во денари, евра и долари
• Посредување при купување на државни хартии од вредност
ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
• Кредити
-Потрошувачки кредити
-Револвинг кредити
-Стокови кредити
-Инстант готовински кредити
-Станбени кредити
-Хипотекарни кредити
-Повеќе вида наменски кредити
• Парични Картички
-MasterCard со револвинг кредит
-MasterCard со гарантен депозит
-Maestro дебитни картички
• Денарски и девизни штедни влогови
• Услуги од домашен и платен промет со странство
• Менувачко работење
• Електронско банкарство
• Приватно Банкарство
ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
• Кредитно гаранциско работење
-Денарски кредити
-Кредитни линии
-Рамковни кредити
-Кредити за обртни средства
-Кредит за надминување краткорочни гапови
-Долгорочни кредитни аранжмани
-Бизнис картички
-Тендерски гаранции
-Чинидбени гаранции
-Платежни гаранции
-Депозитно работење
-Услуги од домашен и платен промет со странство
-Електронски банкарство
• Државни записи
• Опслужување на парични картички
Нашите кредитни експерти ги комбинираат финансиските продукти и консалтинг услугите со цел да изнајдат решение за секоја ваша финансиска потреба.
Основната мисија на нашето работење е да им понудиме на клиентите највисок стандард на финансиски услуги и да им помогнеме во остварување на нивните зацртани лични и бизнис цели, истовремено градејќи долгорочни релации и взаемна корист.