Почитувани корисници на услугата електронско банкарство на Капитал банка за правни лица,
Капитал банка АД Скопје во изминатиот период даде максимални напори на подобрување на постоечката услуга електронско банкарство за правни лица.
Во таа насока, Ве известуваме дека почнувајки од 24.10.2018 година можете да се приклучите кон користење на новото функционално и модерно електронско банкарство на Капитал Банка АД Скопје.
Новото електронско банкарство ќе Ви овозможи подобар преглед во состојбите на Вашите сметки кај Капитал Банка и полесен начин за припрема и достава на налози за плаќање до Банката.
Услугата е достапна преку следнит линк: https://ebank.capitalbank.com.mk/Corporate
На истиот линк ќе ги најдете Корисничкото упатство и Техничко упатството за користење на услугата.
Во промотивниот период, почнувајки од 24.10.2018 заклучно со 14.11.2018 налозите кои ќе ги доставувате до Банката по електронски пат за денарски плаќања ќе бидат спроведени без надомест од страна на Банката.
Доколку имате забелешки или потреба од техничка поддршка како и за дополнителни информации Ве молиме обратете се на следните телефонски броеви:02/3 102 543; 3 102 542 или 3 102 541 или на следната е-маил адреса: ebank@capitalbank.com.mk
Со желба за долгорочна соработка искрено Ве поздравуваме,
Капитал банка АД Скопје