Capital Bank | Financial Inovation

Почитувани клиенти,

 


Во март 2010 година, американскиот Конгрес усвои Законот за усогласување на даноците по странски сметки – Foreign Account Tax Compliance Act – FATCA, кој има за цел да го спречи затајувањето на данокот од страна на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.

 

Согласно FATCA, финансиски институции потписнички на овој акт, на годишно ниво доставуваат податоци за сметките на клиентите кои се опфатени со FATCA режимот, со цел спречување на даночно затајување на американските клиенти, преку отворање на сметки во финансиски институции надвор од САД.

 

Секоја банка во светски рамки има обврска да се усогласи со Законот за усогласување на даноците по странски сметки (FATCA) започнувајќи од 01.07.2014 година. Следејќи ги светските трендови, Банка АД Скопје се приклучи кон имплементација Законот за усогласување на даноците по странски сметки – Foreign Account Tax Compliance Act – FATCA, во своето работење.

 

Капитал Банка АД Скопје, изврши успешна регистрација во Даночната служба на САД под број GIIN: 10Ј4ЕХ.99999.SL.807, со статус – REGISTERED DEEMЕD COMPLIANT.

 

Ве известуваме дека започнувајки од 01.07.2014 година, Капитал Банка АД Скопје, согласно препораките на Здружението на Банкарство при Стопанската Комора на Македонија, имплементира стандардизирана и воедначена процедура на идентификација на сите свои клиенти почитувајќи и применувајќи ја законската и подзаконската регулатива во Република Македонија како и Законот за усогласување на даноците по странски сметки – Foreign Account Tax Compliance Act – FATCA.

 

Повеќе информации на: http://www.irs.gov/Businesses/Corporations/Foreign-Account-Tax-Compliance-Act-FATCA

 




Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508