Еластичен депозит

 

Со Еластичниот штеден влог на Капитал Банка Ви нудиме можност за пристап до средствата без разорочување на депозитот и без влијание врз каматната стапка. Дозволени се дополнителни уплати или исплати на месечно ниво, но не над 50% од депозитот. Вашите средства може да ги орочите во МКД, ЕУР и УСД.

 


Методот на пресметка на каматата е пропорционален (актуал/актуал).

Предвремено раскинување е дозволено во секое време. Се исплатува договорената камата.

Минимален влог е 60.000 мкд/1000 еур/1300 усд.

Период на орочување 12 месеци.

 

Како депоненти може да се јават сите физички лица резиденти и нерезиденти. Доволно е да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Капитал Банка и со документ за идентификација да се информирате за сите Ваши бенифиции од орочување на средства во Капитал Банка.

 

Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени!

 

Фондот ги обештетува осигурените депозити но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението. Во износот се пресметува главнината на депозитот, договорената пресметана и пропишана камата и непристигнатата камата до денот на решението.

 

Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 508;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508