Кредит во соработка со Техномаркет

Намена на производот:

 

  • За купување производи и услуги од продавачот.

 


Услов за одобрување:

 

  • Резидент на РМ;
  • Редовен работен однос;
  • Кредитоспособност утврдена преку анализа на банката;
  • Историја на редовен кредитокорисник во последните 12 месеци.

 


Бенефиции и поволности:

 

  • Без камата со рок на отплата до 12 месеци;
  • Исплата за 24 часа од одобрување и целокупно поднесената документација во банката.

 

 

 

Износ: до 60.000 МКД;

 


Номинална каматна стапка:

 

  • 0,00% - за рок на отплата до 12 месеци;
  • 4,00% - за рок на отплата до 18 месеци.

 

Рок на враќање: 12-18 месеци;

 


Методот на пресметка: пропорционален;

 


Исплата: на сметка на продавачот;

 


Начин на отплата: еднакви месечни рати;

 


Провизии и надоместоци:

  • Провизија за обработка-2,50% еднократно од одобрениот износ;

 


Трошок за предвремено враќање: без трошоци за предвремено враќање;

 


СВТ: 4,83%. Пресметката е направена за износ од 23.630 МКД, каматна стапка 0,00%, рок 12 месеци и еднократна провизија 2,50% од износот.
СВТ: 7,45%. Пресметката е направена за износ од 20.999 МКД, каматна стапка 4,00%, рок 18 месеци и еднократна провизија 2,50% од износот(Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.).

Обезбедување:

 

  • Меница со вредност од 100 МКД;
  • Без гарант за износи до 30.000 МКД;
  • 1 гарант за износи на 30.000 МКД.


* Банката го задржува дискреционото право да побара дополнително обезбедување (гарант) доколку корисникот има обврски на плата од 50% или повеќе, доколку има историја на нередовен плаќач или не ги исполнува условите согласно извршените анализи на Банката.

Документи:

 

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • Административна забрана на плата/Изјава за задршка од платa од кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • Заверени податоци од плата од страна на правното лице-за вработени во приватни фирми;
  • Про-фактура.

 

Процедура:

  • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредит;
  • Сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја потпишува потребната документација;
  • Обработка на апликацијата за 2 работни дена.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 568;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508