Capital Bank | Financial Inovation

Потрошувачки кредит за вработени во банкарски сектор

Таргет

Резиденти на РСМ, во редовен работен однос во приватни фирми, кои влегуваат во таргет групата прифатлива за банката.

 

Намена

Ненаменски потрошувачки кредит

 

Општи услови за аплицирање:

  • максимална возраст на клиентот од 67 години на денот на достасување на кредитот;
  • клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • историја на редовен кредитокорисник;
  • ануитетот да не надминува ½ од платата.

Висина на кредит:

  • до 600.000 МКД за денарски кредити;
  • до 10.000 ЕУР за денарски кредити со девизна клаузула.

 

Рок на отплата: до 60 месеци;

 

Номинална каматна стапка:

  • 9,90% (6M СКИБОР+ 8,14%) за денарски кредити;
  • 7,62% (6M ЕУРИБОР+7,62%) - за денарски кредити со девизна клаузула.

*Доколку референтната каматна стапка ЕУРИБОР има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка ќе се земе со вредност 0,00;

 

Провизија за одобрување: 2%, мин.750 МКД;

 

Користење на средствата: Одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

 

Отплаќање: Месечна отплата со еднакви ануитети;

 

Начин  на отплата: Уплата на благајна, административна забрана на платата или траен налог за приматели на плата или траен налог за приматели на плата во Капитал Банка (вработени во правни лица кои не заверуваат административни забрани).

 

Можност за предвремено отплаќање: Да;

 

Провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредит: 0%;

 

Предоговарање на условите: Можност за пролонгација (да не надминува 95 месеци), промена на кредитокорисникот или жирант, реструктуирање на кредитот;

 

СВТ: 11,31% (денарски) Пресметката е направена за износ од 600.000 МКД, каматна стапка 9,90% рок 60 месеци и еднократна провизија 2,00% од износот;

СВТ: 8,80% (девизен со девизна клаузула) Пресметката е направена за износ од 600.000 МКД(10.000 евра), каматна стапка 7,62% рок 60 месеци и еднократна провизија 2,00% од износот.

Обезбедување:

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • меница и менична изјава;
  • меница во форма на нотаски акт со својство на извршност;
  • гарант;
  • солемнизација на договорот за кредит со извршна клаузула.

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

Документи:

  • копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • административна забрана на плата или траен налог за правни лица кои не заверуваат забрани на плата ( обавезен услов плата во Капитал Банка);
  • заверени податоци од плата од кредитобарателот или гарантот (доколку има) и
  • декларација за прием и за платени придонеси во последните 2 месеци за вработени во приватен сектор.

 

Процедура:

 

  • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредит.
  • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја пополнива целокупната преостаната документација.
  • Обработка на апликацијата за 2 работни дена.

 


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 568;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510