Хипотекарен кредит 

Намена на производот:

 

  • Кредитот е ненаменски и со одобрувањето се става на располагање на трансакциска сметка на корисникот во Банката;
  • Рефинансирање на постоечки кредити во други банки.

 


Услови за одобрување:

 

  • Кредитобарателот и ко-кредитобарателот треба да се државјани на РМ на возраст од 18 год.-64 години на денот на целосно доспевање на обврските по кредитот;
  • Корисникот и ко-кредитокорисникот на кредитот треба да бидат кредитноспособни лица со документирани месечни приходи;
  • Банката може да дозволи и ко-кредитобарател од потесното семејство, кој исто така треба да биде кредитосбособно лице со документирани месечни приходи;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да биде 1/3 од плата, а не повеќе од ½ од плата.

 

 

Износ на кредитот: во зависност од кредитната способност и пазарната вредност на обезбедувањето;

 


Номинална каматна стапка:

 

  • oд 8,50% за денарски; 
  • oд 7.50% за дeвизен.

 

Рок на враќање: до 15 год./180 месеци;

 


Методот на пресметка: пропорционален;

 


Начин на отплата: редовни месечни ануитети;

 


Провизии и надоместоци:

 

  • 1,5% еднократно при одобрување мин. 1.000 ден.;
  • Провизија за предвремена обаработка -0,00%.

 


СВТ: 9,11% денарски. Пресметката е направена за износ од 1.778.280 МКД, каматна стапка 8,50%, рок 180 месеци и еднократна провизија 1,50% .
СВТ: 8,03% девизен. Пресметката е направена за износ од 1.778.280 МКД, каматна стапка 7,50%, рок 180 месеци и еднократна провизија 1,50%(Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.).

Обезбедување:

 

  • Меница со менични изјави;
  • Хипотека на недвижен имот;
  • Од 0 -3 гаранти;
  • Административни забрани од кредитобарател, ко-кредитобарател и гарант/ите;
  • Банката може да дозволи и ко-кредитобарател од потесното семејство, кој исто така треба да биде кредитоспособно лице со документирани месечни приходи.

Документи:

 

  • Копија од личните карти на кредитобарателот и гарантот/ите;
  • За вработени во приватни фирми Декларација за прием;
  • Административни забрани за кредитобарателот гарантот/ите (доколку има) со заверка;
  • Воспоставена хипотекла од прв ред (Хипотека над недвижен имот, при што односот на пазарната проценета вредност на имотот кој ќе се стави под хипотека во однос на одобрениот креит да не биде помала од 1,5:1, во зависност од квалитетот и локацијата на понудениот имот.

 

Процедура:

 

  • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредити сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја пополнува целокупната преостаната документација;
  • Обработка на апликацијата за 2 работни дена.

 


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 568;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508