Capital Bank | Financial Inovation

Дозволено пречекорување

 


Пречекорувањето на трансакциска сметка е договор за кредит со кој клиентите добиваат дополнителни средства на располагање на нивната трансакциска сметка, во износ поголем од тековната состојба на средствата на таа сметка.

 


Клиентите кои своите редовни месечни примања ги примаат преку Капитал Банка може да аплицираат за пречекорување на денарска трансакциската сметка.

 


Пречекорувањето се одобрува со рок на важност од една година и истото е со можност за автоматско обновување по истекот на една година.

 


Средствата се одобруваат на трансакциска сметка на клиентот во банката.

 


Отплаќањето е месечно, со можност за предвремено враќање.

 


Неопходна документација од клиентот:

 

  • Копија од лична карта;
  • Изјава за задршка од плата/Рекапитулари за последните три месеци;
  • Барање за дозволен минус на трансакциска сметка;
  • Во случај на одобрување на барањето клиентот потпишува Договор за дозволено пречекорување и останата потребна документација.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563;3102 536 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508