MoneyGram - Меѓународен трансфер на пари

 

Капитал Банка АД Скопје стана дел од широката мрежа на агенти и субагенти кои ја нудат услугата брз трансфер на пари – MoneyGram. Приклучувајќи се на тимот на субагенти се приклучи на над 330.000 агенти кои поврзуваат безброј семејства насекаде во светот.


Сo оваа услуга Капитал Банка АД Скопје Ви овозможува поедноставен, полесен, побрз и пред се посигурен начин за испраќање и примање на пари.


Избегнете ги сложените процедури, испратете или примете пари за помалку од 10 минути без користење на трансакциска сметка или кредитна картичка.

 

Поврзете се со светот и своите најблиски на брз и евтин начин!

 

 

Кога да ги користите услугите на MoneyGram…

  

 

Имате роднини во странство кои сакаат да Ви испратат пари...

 

Вашите роднини ќе платат ниска провизија, а Вие ќе примите повеќе пари...


Вашите деца се на одмор во странство и итно им се потребни дополнително средства или пак децата Ви студираат во странство...


Вие работите во странство и е потребно на вашето семејство да му испратите пари...


Мислиме на Вашите потреби и Ве поврзуваме со со Вашите најблиски на брз и евтин начин!

 

Земји во кои може да ги користите услугите на MoneyGram.

 

Австралија, Австрја, Албанија, Андора, Аргентина, Бангладеш, Бахами,Бахреин, Барбадос, Белорусија, Белгија, Бенин, Боливија, Босна, Ботцвана, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија,Гибралтар, Гренада, Грузија, Грција, Данска, Доминиканска Република, Египет, Еквадор, Естонија, Етиопија, Замбија, Зимбабве, Израел, Индија, Индонезија, Ирска, Исланд, Италија, Јамајка, Јемен, Јордан, ЈАР, Казахстан, Кајмански острови, Камбоџа, Канада, Кенија, Кипар, Кина, Колумбија, Костарика, Кувајт, Латвија, Либан, Макао, Македонија, Малта, Мароко, Мексико, Молдавија, Монако, намибија, нигерија, Никарагва, Нов Зеланд, Норвешка, ОАЕ, Оман, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, Романија, Русија, Салвадор, Саудиска Арабија, САД, Сенегал, Сингапур, Тајван, Тајланд, Танзанија, Тунис, Турција, Уганда, Украина, Унгарија, Уругвај, филипини, Финска, Франција, Хаити, Холандија, Хондурас, Хонг Конг, Хрватска, Република Чешка, Чиле, Швајцарија, Шведска, Шпанија, Шри Ланка, Џибути и други.

 

Испраќање пари

 

1. При посетата во експозитура задолжително приложете документ за идентификација и потоа пополнете апликација; 
2. Уплатете ја сумата која саката да ја пратите, заедно со провизијата за MoneyGram услугата;
3. Вработениот во експозитурата ќе Ви го соопшти референтниот број, и за истиот известете го лицето кое треба да ги прими парите.


*ВАЖНО: Максималниот износ кој може да се испрати месечно од страна на едно лице е до 2.500 ЕУР.

 

 

Примање пари

 

1.Испраќачот ќе ве извести за сумата на пари која треба да ја примите и ќе ви го соопшти референтниот број;
2. Посетете ја најблиската експозитура или шалтер, со претходно приложување на документот за идентификација, и секако пополнете го формуларот за прием; 
3. Вработениот во експозитурата по направената проверка ќе Ви потврди дека средствата Ви се на располагање и на Ваша желба веднаш ќе Ви ги исплати испратените пари.


*ВАЖНО: Максималниот износ кој може да го прими дневно едно лице е до 5.000 ЕУР.

 

 Тарифа со важност од 15.02.2017 година.

 

 

 

Износ на трансферот

(представен во ЕУР)

Провизија

(во МКД)

1 0,01-50,00 430,00

2

50,01-150,0 810,00

3

150,01-300,00 950,00
4 300,01-450,00 1.250,00
5 450,01-600,00 1.860,00
6 600,01-750,00 2.480,00
7 750,01-900,00 2.790,00
8 900,01-1.300,00 3.720,00
9 1.300,01-1.900,00 5.580,00
10 1.900,01-2.500,00 7.130,00

Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508