Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера
Капитал Банка АД Скопје распишува
К О Н К У Р С
за пополнување на отворено работно место Соработник во Секторот за управување со ризици (ASSOCIATE IN RISK MANAGEMENT SECTOR)
Основни работни задолженија и одговорности:
- Проценка на ризичен профил на клиенти - правни и физички лица,
- Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion),
- Контрола и активно следење на процесот на одобрување кредитни изложености на клиенти - правни лица,
- Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти – правни лица (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио),
- Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
- Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по основ на кредитниот ризик,
- Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со кредитниот ризик,
- Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во согласност со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing).
Услови – Образование и дополнителни знаења:
- ВСС- Економски факултет,
- Најмалку 3 (пожелно е 5) години работно искуство во банка од кои најмалку 2 години работно искуство во Организациска единица за управување со кредитен ризик,
- Познавања на проценка на кредитната способност на правни лица (анализа на финансиските извештаи, изработка на проекции, квантитативна и квалитативна анализа),
- Познавање и континуирано следење на банкарската и особено на супервизорската законска регулатива на НБРМ,
- Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен),
- Работно познавање на Microsoft Office пакетот, Internet,
- Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност.
Очекувани способности, персонални карактеристики:
- Аналитичност и систематичност,
- Организациски вештини,
- Креативност и комуникативност,
- Позитивен став,
- Професионалност, доверливост и одговорност,
- Посветеност на работата,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Лидерски способности.
На избраниот кандидат му се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност, можност за усовршување и напредување.
Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават својата кратка биографија и мотивациско писмо на следната електронска пошта: jobs@capitalbank.com.mk најдоцна до 30.11.2017 година.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.