Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување

13

Јул. / 2018



Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 5 лица на следните работни позиции:


Оглас 1: Соработник во сектор за контрола и усогласеност на работењето (1 извршител)

Работни задачи:

  • Координација и управување со ресурсите во Секторот за контрола на усогласеност и спречување на перење пари;
  • Исполнување на целите на Секторот и спроведување на стратегијата на Банката;
  • Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето на Банката со законската регулатива;
  • Оценување на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на Банката и врз опкружувањето во кое функционира Банката и навремено известување на членовите на Управниот одбор и вработените во Банката за измените;
  • Контрола на интерните акти од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива и постоечките акти во Банката;
  • Постојано и ефикасно советување на членовите на Управниот одбор за прашања во врска со примената на прописите;
  • Следење и тестирање на усогласеноста на работењето на Банката со прописите и известување за неусогласености и за преземените корективни мерки за нивно надминување;
  • Оценување на ризикот од неусогласеност;
  • Оценување на усогласеноста на новите производи и деловните процеси во Банката со законската и подзаконската регулатива;
  • Ажурирање на интерните акти на серверот на Банката;
  • Документирање на работење и доставување месечни извештаи до Управниот одбор и шестмесечни извештаи до Надзорниот одбор;
  • Други активности на барање на органите на управување и надзор во Банката.


Оглас 2: Референт во служба за спречување на перење пари и финансирање тероризам (1 извршител)

Работни задачи:

  • Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето со позитивните законски прописи и следење на новините во прописите и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
  • Советување на органите на управување за мерките коишто треба да бидат преземени заради почитување на прописите од областа на спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнувања на овие прописи;
  • Воспоставување и унапредување на процедурите и постапките предвидени во Програмата за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
  • Имплементација на ефективна контрола за да се обезбеди потполна усогласеност со меѓународните и локалните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
  • Документирање на своето работење и доставување на редовни извештаи до Управниот одбор и Надзорниот одбор на Банката;
  • Анализа на ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот согласно интерните акти, вклучувајки ги и сите критериуми за ризично профилирање;
  • Прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од разните организациски делови во Банката, анализа, подготвува писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно донесување на одлука за нивно (не)пријавување во Управа за финансово разузнавање;
  • Oбезбедување на информации и документација за сите трансакции пријавени во Управата како и за сите трансакции за кои било одлучено да не се пријаваат, вклучувајќи ги и причините поради коишто била донесена таква одлука;
  • Изготвување на интерни прегледи на банкарското портфолио преку извештаи за ажурирани податоци на правните и физичките лица, сопственичката структура на правните лица, структура на клиенти според нивниот ризичен профил, прегледи на физички и правни лица со остварен промет на трансакциска сметка,прегледи на девизните регистри, регистарит за менувачко работење и регистарот за брз трансфер на пари;
  • Изготвува список на трансакции на физички и правни лица со off-shore финансиски центри;
  • Доставување извештаи до соодветните институции - Управа за финансово разузнување, Финансова полиција, УЈП, и др.институции предвидени согласно законската регулатива;
  • Ажурирање на црни листи;
  • Креирање план и спроведување на обука на сите вработени за спречување перење на пари;
  • Одговорност за ажурирање документи на серверот на Банката;
  • Други работи по налог Раководителот и/или Управниот одбор.


Оглас 3: Внатрешен ревизор (1 извршител)

Работни задачи:

  • Асистирање при ревизиите кои ги извршува раководителот на Службата за внатрешна ревизија, согласно Планот за активностите на Службата;
  • Самостојно извршување на сите фази на задачите на внатрешната ревизија, под супервизија на раководителот на Службата за внатрешна ревизија;
  • Асистирање при изготвувањето на Извештаите од внатрешната ревизија, и нивно презентирање на раководителот на Службата и на раководителите на организационите единици, предмет на внатрешна ревизија;
  • Следење на статусот на усогласеноста со препораките од извршените внатрешни ревизии;
  • Извршување на ненајавени (ad hoc) ревизии;
  • Асистирање при изготвувањето на редовните месечни, квартални, полугодишни, годишни, како и при вонредните извештаи по потреба.


Оглас 4: Соработник за администрирање кредити и back office (2 извршители)

Работни задачи:

  • Активности поврзани со изготвување на договори за кредити;
  • Активности поврзани со пресметка на провизии по одобрени кредити и гаранции;
  • Активности поврзани со следење на доспеаност на побарувања;
  • Изготвување на прегледи и извештаи за потребите на службата и директен претпоставен;
  • Следење на прописите и упатствата од делокругот на работењето и преземање мерки за нивна правилна примена;
  • Учество во изработка на процедурите и упатствата за работа поврзана со администрирање на кредити;
  • Контола на автоматски изработените пресметки за камати, како и рачно пресметаните камати и нивно раскнижување;
  • Разрешување на рекламациите по трансакциите со странките;
  • Учествува во изготвување на договори за кредити за правни лица, гаранции, акредитиви и кредитни картички;
  • Изготвување и контрола на текстови за издадени гаранции;
  • Контрола на налози по одобрени кредити и трансакции во back office;
  • Следење на реализација на одобрени кредити, гаранции и акредитиви;
  • Контрола на пресметани провизии по одобрени кредити и гаранции;
  • Контрола на лимити по кредитни картички;
  • Следење на достасаност и наплата на побарувања по основ на доспеани обврски;
  • Изготвување на законски извештаи за НБРМ во делот на кредитирањето;
  • Изготвување на прегледи и извештаи за потребите на органите на Банката;
  • Изготвување процедури и упатства за работа во делот на работа на администрирање кредити и back office;
  • Мониторинг на колатерал (вредност, осигурување, винкулација);
  • Контрола на правилната и правовремена евиденција на трансакциите – извештај за сите нови налози за книжење и налози за плаќање, извештај за состојбата на сметките;
  • Подготовка на пресметката на периодичната проценка на вредноста на ХВ;
  • Грижа за досиејата со целокупната документација за секое тргување со ХВ поединечно;
  • Грижа за правилното и правовремено порамнување на трансакциите;
  • Грижа за навременото испраќање на конфирмации на странките;
  • Известување за евентуалното надминување на лимитите или нерегуларности во тргувањето;
  • Следење на ставките од изводите од странските и домашните банки, за прометите по извршените трансакции;
  • Останати работни обврски по налог на Раководителот на Службата и/или Управниот одбор.

Работниот однос е на определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома, економски факултет (смер: финансии, сметководство, бизнис администрација);
  • За Огласот 3 потребно е и 3 години работно искуство во надворешна или внатрешна ревизија, ревизија во банки ќе се смета за предност;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510