Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на работна позиција возач, со следниве работни задачи:
- Курирска служба, подигнување, испраќање и достава на службена документација;
- Службен возач за потребите на Банката во Скопје и на територијата на Р. Македонија;
- Тековно одржување и грижа за безбедноста и сигурноста на службените возила на Банката;
- Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.
Потребни квалификации:
-поседување на возачка дозвола Б категорија.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.
Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.