Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување

17

Сеп. / 2018



Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 2 лицe на следниве работни позиции:

Оглас 1: Соработник во Сектор за Управување со Ризици – Кредитен Ризик (1 извршител) 


Краток опис на работно место:

  • Проценка на ризичен профил при одобрување на кредитна изложеност- физички лица и правни лица
  • Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion)
  • Финансиска анализа на фирма и проценка на бонитет
  • Анализа на кредитното портфолио по структура и квалитет
  • Активно учество во кредитниот процес и соработка со продажба и underwriting
  • Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти – правни лица (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио)
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ
  • Останати работни обврски по налог на Раководителот на Службата и/или Управниот одбор.

Оглас 2: Соработник за администрирање кредити и back office (1 извршител)

Краток опис на работно место:

  • Активности поврзани со изготвување на договори за кредити
  • Активности поврзани со пресметка на провизии по одобрени кредити и гаранции
  • Активности поврзани со следење на доспеаност на побарувања
  • Изготвување на прегледи и извештаи за потребите на службата и директен претпоставен
  • Следење на прописите и упатствата од делокругот на работењето и преземање мерки за нивна правилна примена
  • Учество во изработка на процедурите и упатствата за работа поврзана со администрирање на кредити
  • Контола на автоматски изработените пресметки за камати, како и рачно пресметаните камати и нивно раскнижување
  • Разрешување на рекламациите по трансакциите со странките
  • Останати работни обврски по налог на Раководителот на Службата и/или Управниот одбор.


Услови што се бараат за вршење на работните задачи:

  • Високо стручно образование -Финансии/Банкарство,
  • Искуство во Банка или друга Финансиска Институција од најмалку 3-5 години,
  • Солидно искуство во областа на финансиска анализа на правни субјекти. Познавање на финансиско моделирање ќе се смета за предност (Оглас 1).
  • Познавање на Банкарската Регулатива ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на aнглиски јазик.

Потребни способности за двете позиции:

  • Аналитичност и самостојност во процесот на донесување заклучоци;
  • Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
  • Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
  • Иницијативност;
  • Професионалност, одговорност и трпеливост.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk . 

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510