Capital Bank | Financial Inovation

Финансиска едукација на најмладите

5

Апр. / 2019



Под мотото Добрите навики се учат од мали нозе, Капитал Банка АД Скопје денес организираше едукативен час на 60тина ученици од 2ро одделение при ОУ Браќа Миладиновци.
"Од мали нозе се учи што е Банка, како се штеди, што значи кредит...Децата се нашата иднина и треба од мали да ги научиме мудро да управуваат со парите и да штедат за својата иднина.
На денешниот час поразговаравме со најмладите на тема Финансиска Институција, за парите, штедењето, банкарскиот сектор, и други теми поврзани со користењето на услугите и производите на Банките.
Ќе продолжиме да практикуваме редовна финансиската едукација на населението, особено на најмладите преку која ќе постигнеме подигнување на нивото на финансиска писменост кај младото население.
Веруваме дека потикнувајќи ја едукацијата ќе влијаеме на стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата во земјата.” -изјавија од Капитал Банка АД Скопје



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510