Capital Bank | Financial Inovation

Нови бесконтактни MasterCard картички

30

Авг. / 2019



Капитал Банка АД Скопје следејќи ги пазарните трендови воведе можност за бесконтактно плаќање со платежните картички од брендот на MasterCard.

 

Нашите клиенти, одсега може да уживаат во едноставноста и брзината што ги прават бесконтактните плаќања удобни и комфорни.
Тргнувајќи од континурана грижа за нашите клиенти, со воведувањето на бесконтактните плаќања обезбедивме поголема практичност и физичка безбедност, бидејќи при процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без при тоа некој да може да ги види податоците или злоупотреби податоците од картичката. Известувањето преку СМС порака при секоја успешна трансакција, на корисниците дополнително им дава сигурност во користењето на картичката, како и подобар увид на реализираниот промет со истата.


Новиот модерен дизајн, како и функционалноста, ги прави препознатливи новите картички на Капитал Банка, кои се веќе достапни по најповолни услови на пазарот.

Аплицирајте веднаш и искористете ги поволностите! Добијте дебитна или кредитна картичка без чланарина и уживајте во останатите придобивки:

 

 

Кредитни картички Mastercard Standard и Mastercard Gold

  • Бесконтактно плаќање
  • Купување во трговија без провизија
  • Без членарина во првата година
  • Грајс период од 45 дена, без трошоци
  • Минимален процент на месечна отплата на искористениот износ од 3%
  • СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
  • Минимална документација при аплицирање и брз одговор
  • Можност за учество во наградна игра

 

Дебитна картичка Mastercard Debit

  • Бесконтактно плаќање
  • Без годишна членарина
  • Купување во трговија без провизија
  • СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
  • Подигнување на средства од АТМ без провизија

Сакате да аплицирате за нашите бесконтактни Mastercard картички? Кликнете тука!

Како дел од промотивните активности на новите картички, Капитал Банка најавува отпочнување на Наградна игра со богат фонд на награди, која веруваме дека ќе биде предизвик за секој корисник на безконтактна картичка на Банката.
Со цел привлекување на нови клиенти и задржување на постојните, Капитал Банка континуирано инвестира во развивање на нови производи и услуги, усовршување и модифицирање на постојните, при што нуди разни поволности за клиентите, како најповолни каматни стапки, ослободување од членарина за првата година од користењето, промотивни кампањи, попусти, привилегии и бонуси.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510