По повод одбележувањето на светскиот ден на штедењето 31 Октомври, Капитал Банка традиционално се посвети на финансиска едукација на младите со цел развивање на одговорни и добро едуцирани клиенти во иднина.
Оваа година во просториите на банката присуствуваа средношколците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен од Скопје, каде имаа можност преку практични примери да се информираа за штедните влогови, депозитните продукти на банката, процесот на штедење како и совети за поуспешно управување со сопствените финансиски средства.
Споделивме факти и информации како настанало штедењето, кое е влијанието на банките во процесот на штедење, движењето на каматните стапки, од што зависи нивното движење и др.
Додека во новоотворената Експозитура во Штип, присуствуваа најмладите од градинката Вера Циривири Трена – Пчелка, кои допрва ќе стекнуваат навики за штедење и подготвија мала приредба со песнички и стихови за штедење.
Се надеваме дека преку овие активности Капитал Банка ќе ги поттикне своите постоечки и идни клиенти на добри навики за штедење, подобро управување со сопствените средства, а со тоа и овозможување на поквалитетен живот.
Капитал Банка во моментов нуди најатрактивни каматни стапки на депозити во денари и евра.
Повеќе за понудата на депозитни продукти можете да погледнете на следниот линк.