Capital Bank | Financial Inovation

Одложување на обврски по кредити за физички лица

16

Сеп. / 2020



Почитувани корисници на кредитни продукти за физички лица во Капитал Банка, периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.

На сите кредитокорисници кои користеле пролонгација, од 01.10 ќе започне да им се пресметува целосен месечен ануитет по новиот амортизационен план, согласно променетите договорни услови за користење на пролонгацијата.

Оние клиенти кои имаат реална потреба од дополнителна пролонгација и во моментот имаат потешкотии при сервисирање на кредитните обврски, поради намален нето приход, изгубена работа, зголемени трошоци поради лекување и др. Ве молиме, најдоцна до Петок 18.09, во работно време од 08-16 часот да се обратат во Експозитурата каде е подигнат кредитот и да поднесат Барање за промена на договорните услови и нова пролонгација.

 

Со почит,

Капитал Банка АД Скопје



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510