Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување на помлад референт

17

Сеп. / 2020



  • Работни задачи

-          Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти

-          Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска  документација

-          Проверка дали колатералот / обезбедувањето  е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката

-          Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата

-          Примање, анализа и обработка  барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви

-          Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи согласно одлука на Кредитниот одбор

-          Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори

-          Следење и контрола на наменската употреба на кредитот

-          Следење на наплатата на побарување по исплатените кредити на корпоративни клиени

-          Следење на реализацијата на инвестициите кои Банката ги финансира

-          Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите

-          Аквизиција на нови клиенти

-          Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица

-          Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица

-          Анализа на клиенти и подготовка на кредитни апликации

-          Подготовка на каматни пресметки

-          Подготовка на извештаи

-          Продажба на производи и услуги на терен

-          Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти

-          Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти

 

  • Квалификации

Работно искуство: не е потребно

Образование: Минимум ВСС

Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет.

Рок на избор 5 работни дена.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510