Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом!
Капитал Банка АД Скопје, следејќи го трендот на модерното банкарство како и користење на финтек технологијата, Ви овозможува да отворите штеден влог без физичко присуство во банка, односно од каде и да се наоѓате, а притоа не е задолжително да имате отворено сметка во банката, да користите електронско банкарство или други продукти.
Се што треба да направите е да се јавите во некоја од нашите експозитури, да одберете депозитен продукт со исплата на камата по доспевањето на депозитот и да имате пристап до интернет. Поради online постапката за отворање на депозит, потребно е средствата наменети за депозит да се уплатат безготовински од сопствената сметка во било која банка, на наменска сметка на Капитал Банка. Потпишувањето на документацијата e целосно дигитално преку Вашиот smart телефон, таблет или компјутер.
Капитал Банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно по исклучително поволни услови, а како најатрактивни во моментот ќе ги издвоиме:
- Стандарден депозит во МКД на 6 месеци со 1,1% фиксна камата
- Стандарден депозит во МКД на 12 месеци со 1,25% фиксна камата
*Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени во Фондот за осигурување на депозити со 100% до износи од 1.800.000 мкд!
Комплетната понуда на депозити можете да ја погледнете овде.
За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 500; или e-mail: info@capitalbank.com.mk .