Capital Bank | Financial Inovation

Grand Opening - нови експозитури Куманово, Прилеп, Битола и Кавадарци

19

Јул. / 2021



Почитувани клиенти,

Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за нашите клиенти, ние како Банка ставаме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија. Потребата од отварање на експозитура во Куманово, Кавадарци, Прилеп и Битола беше само дел од барањата на постоечките клиенти од овој реон. Веруваме дека постепено ќе успееме да ги реализираме сите заеднички цели и идеи затоа што истото е од големо значење за секој поединец. 

Капитал Банка и во иднина ќе продолжи со проширување на деловната мрежа, надградување на своите услуги и развивање на постоечките и нови производи, се со цел задоволување на потребите на клиентите како и негување на долгорочни релации и соработка. 

 

За таа цел ни преставува особена чест и задоволство да ве информираме за свеченото отворање на новите експозитури во:

 

  • Куманово, ул.Трета Македонска Бригада бр.52, број на зграда 1, влез 3, лок.2, +38975-294-590, 20.07.2021 (вторник);

  • Кавадарци, ул. Илинденска бр.115, зграда 1, влез 4, +38975-277-868, 21.07.2021 (среда);

  • Прилеп, ул. Васко Карангелески број на зграда 1, влез 1, лок.4, +38975-256 -748, 21.07.2021 (среда);

  • Битола, ул. Никола Тесла бр.41, број на зграда 1, влез 1, +38975-256-749, 26.07.2021 (понеделник);

Посетете не во некоја од нашите нови експозитури!



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510