Capital Bank | Financial Inovation

Знакот на Капитал Банка ад Скопје, осамна на уште две нови локации во Кавадарци и Прилеп!

22

Јул. / 2021



Kaпитал Банка со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти низ Република Северна Македонија, отвори нови експозитури во строгиот центар на Кавадарци и Прилеп.

Корисниците од овие градови веќе од вчерашниот ден 21.07.2021 имаат можност да аплицираат за кредитните производи на Капитал Банка со атрактивни фиксни каматни стапки, и тоа: ,,СУПЕР потрошувачки кредит’’ со фиксна к.с. од  4,77% во првите 2 години од отплатата, ,,Станбен кредит” со фиксна к.с. од 2,95% во првите 5 години, ,,Бескаматната позајмица’’; да ја изберат промотивната понуда на најповолните депозите за штедење во денари и во евра за физички лица во моментот на пазарот, односно денарскиот  депозит ,,Научи да штедиш” со фиксна камата до 2.2% на 6 месеци и ,,Смарт депозитот” со камата од 1% на 9 месци за штедење во евра како и многу други поволности.

 

Со отворањето на новите простори во Кавадарци и Прилеп, Капитал Банка АД Скопје го прошири семејството на експозитури на вкупно 12 локации, од кои 4 во Скопје, а останатите 8 надвор од главниот град.

- Во 2020 година, Капитал АД Скопје оствари одлични финансиски резултати, а и во тековната година продолжува со активна поддршка на физичките и на правните лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Следејќи ги пазарните трендови во правец на постојаната и сè поприсутна веб-технологија, поедноставени, брзи и достапни услуги преку иновативна виртуелна експозитура на своите корисници од било кое место и во било кое време, еден од главните приоритети на Капитал Банка АД Скопје останува постојаното вложување во новата технологија како и воведувањето нови функционалности.

- И покрај кризата во Европа со Covid -19 пандемијата, патот на Капитал Банка, во последните 2 години, е одбележан со огромен успех. Банката ја модернизираше понудата за население и претпријатија, управувањето на односите со клиентите и ги подобри перформансите квалитативно и квантитативно. Банката од неодамна промовираше и ОНЛАЈН отворање на депозит, без физичко доаѓање во банката, односно од Вашиот дом, работно место, компјутер или паметен телефон, со едноставен телефонски повик во Банката и достапност на средствата предвидени за депозит на било која друга сметка во било која банка или штедилница во РСМ. Оваа услуга го намалува и ризикот од ширење на вирусот Covid-19, бидејќи целиот процес се одвива дигитално. Отворањето на овие референтни експозитури дополнително го потврдува цврстото позиционирање на Капитал Банка на пазарот.

Експозитура во Кувадарци се наоѓа на ул. Илинденска бр.115, 1, влез 4 (нов плоштад).

Експозитура во Прилеп се наоѓа на ул. Васко Карангелески број на зграда 1, 1, лок.4 (поранешна локација на Еуростандард Банка).

Ве очекуваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите кои ги нудиме како за физички, така и за правни лица.

Нашиот стручен тим ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги!



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510