Capital Bank | Financial Inovation

Капитал Банка ад Скопје, со нова четврта експозитура во 2021 година !

27

Јул. / 2021



Капитал Банка ад Скопје, со нова четврта експозитура во 2021 година !

Капитал Банка на ден 26.07.2021 ја отвори својата нова експозитура во Битола која е лоцирана во строгиот центар на градот, со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти и во овој дел на државата.

Експозитурата свечено ја отвори директорката Ирена Николовска, член на Управниот Одбор на Банката.

„Проширувањето на деловната мрежа е наша стратешка определба, а со отворањето на оваа експозитура во Битола, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање експозитури на Капитал Банка во сите градови низ Македонија и зацврстување на брендот во нашата земја. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија.“, им порача на присутните Ирена Николовска, член на УО на Банката.

Најголемиот приоритет на Капитал банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец.

Со отворањето на новата просторија во Битола и претходно во Куманово, Кавадарци и Прилеп, Капитал Банка АД Скопје го прошири семејството на експозитури на вкупно 13 локации, од кои 4 во Скопје, а останатите 9 надвор од главниот град.

Eкспозитура во Битола се наоѓа на ул. Никола Тесла бр.41, бр. 1/1.

Ве очекуваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите кои ги нудиме како за физички, така и за правни лица.

Нашиот стручен тим ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги!



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510