Capital Bank | Financial Inovation

Електронско Банкарство

29

Јул. / 2021



Почитувани корисници,

 

Би сакале да Ве известиме дека  од 29.07.2021 завршена е имплементацијата на новата платформа на  е-банкарство за физички лица и истото е повторно достапно за нашите корисници.

Новото Електронско Банкарство на Капитал Банка ад Скопје промотивно до 31.12.2021 година е без никакви трошоци за активирање и користење за постоечки и нови корисници на активно и пасивно е-банкарство.

 

Сите постоечки клиенти на Банката се повикуваат да се обратат во некоја од најблиските експозитури за повторно активирање на услугата.


Капитал Банка АД Скопје на сите свои клиенти им става на располагање виртуелна експозитура, која работи 24 часа 7 дена во неделата, преку која им е овозможено да ги извршуваат сите банкарски трансакции по електронски пат, применувајќи највисока технологија за сигурност на податоците.


Користејќи ја E-banking услугата, клиентите можат да ги реализираат следниве услуги:

 

  • Вршење трансфери на денарски средства;
  • Следење на моменталната состојба на сметка;
  • Преглед на трансакциите на сметка (приливи и одливи);
  • Печатење на извод и движење на сметка;
  • Примање и испраќање известувања.

 

Кои се предностите на користење на E-Banking услугата на Капитал Банка:

 

  • Брзо и едноставно користење;
  • Заштеда на време и пари;
  • Користење на најсовремена технологија за заштита на податоци;
  • Контрола, следење и пристап до вашата сметка 24 /7;
  • Вршење на трансакции од било која локација и во секое време;
  • Највисоки безбедносни стандарди и тајност.

 

За да сте корисник на услугата, се што Ви е потребно е следново:

 

  • Отворена трансакциска сметка во Капитал Банка;
  • Пополнето барање за користење услуга Е-Banking;
  • Пополнет договор за користење на услугата E-Banking;

 

ПРИСТАП ДО ПОРТАЛОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или во нашиот Контакт центар на тел: + 389 2 3102 541; 3102 542 или e-mail: info@capitalbank.com.mk .



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510