Capital Bank | Financial Inovation

Oглас за Секретар

28

Јул. / 2022



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата – Секретар

 

Локација : Дирекција-Скопје

 

Одговорности и задачи:

 

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

 

 

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

 

 Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510