Capital Bank | Financial Inovation

Oглас за Соработник за корпоративни клиенти

29

Јул. / 2022



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лицe за позицијата – Соработник за корпоративни клиенти

Локација :Струмица.

 

Одговорности и задачи:

 

  • Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
  • Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска  документација;
  • Проверка дали колатералот / обезбедувањето  е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката;
  • Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
  • Примање, анализа и обработка  барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
  • Одговорен е за анализа на работењето и развојните програми на трговските друштва (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);
  • Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
  • Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
  • Следење на наплатата на побарување по исплатените кредити на корпоративни клиени;
  • Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
  • Аквизиција на нови клиенти;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица;
  • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;
  • Продажба на производи и услуги на терен;
  • Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
  • Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;
  • Други работи по налог на Раководителот на Секторот за работа со корпоративни клиенти и МСП и/или Управниот одбор.

 

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 3-4 годишно работно искуство
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

 

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510