Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за референт во служба за меѓународен промет

24

Мар. / 2023



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата – Референт во служба за меѓународен платен промет

Локација  Дирекција -Скопје

 

Одговорности и задачи:

 

  • Изработка на платни инструменти за платен промет со странство - плаќања (пропратено со претходна подготовка во насока на обезбедување на точни инструкции од клиентите, согласно режимската исправност,  соодветната покриеност на с/ва за реализација, договорениот  девизен курс зависно видот и соработката со конкретниот клиент итн.);
  • Изработка на платни инструменти за платен промет со странство – наплати (пропратено со усогласување на режимската исправност, навремено известување на корисниците на наплатата, распоредување на средствата согласно инструкциите од корисниците, купопродажба на девизни средства итн.);
  • Купопродажба и конверзија на девизни средства;
  • Конфирмација на сите приливи во GPI Basic Tracker;
  • Наплата на домашни и странски провизии;
  • Плаќање на сите трошоци на банката кон странство;
  • Секојдневна тесна комуникација со Anti Money Laundring одделението во насока на пријавување и следење на девизните трансакции;
  • Дневно ажурирање на изводите од домашни и странски банки;
  • Наплата на провизии од странски банки;
  • Изготвување на девизни изводи и комплетирање на истите со соодветна документација;
  • Генерирање, анализа и контрола на Извештаи и податоци кон НБРМ за платниот промет со странство;
  • Документарно работење, гаранции и акредитиви;
  • Креирање и авторизација на SWIFT пораки;
  • Работа со нерезиденти (поддршка на клиенти во секојдневно работење);
  • Следење и примена на прописи и упатства од делокругот на работењето;
  • Извршување на работни задачи на барање и насоки од повисоките инстанци (пр.прегледи, извештаи, анализи итн);

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 3-4 годишно работно искуство
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510