Capital Bank | Financial Inovation

Оглас - референт за благајна во Битола

5

Јун. / 2023



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лица за позицијата Референт на благајна

Извршители : 1

Локација : Битола

Одговорности и задачи:

  • Работа на благајна;
  • Менувачко работење;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката;
  • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот;
  • Издавање, прием, обработка и архивирање на апликации и останати документи поврзани со готовински и безготовински трансфери;
  • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни трансакциски сметки;
  • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни штедни влогови;
  • Вкрстена продажба (Cross-selling)
  • Издавање и евиденција на парични картички и соодветни пинови;
  • Издавање на потврди по барање на клиент;
  • Администрирање и склучување на договори за КИБС сертификати (Капитал Банка е локална регионална канцеларија на КИБС за издавање на нивните сертификати);
  • Полнење на банкомати;
  • Известување на клиентите за пристигнати платежни картички;
  • Подготовка на извештаи на барање на директен претпоставен;
  • Заменик на раководителот на експозитура;
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

 

Потребни квалификации:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510