Capital Bank | Financial Inovation

Оглас - Референт во Служба за методологија и извештаи

20

Сеп. / 2023



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на еден извршител за позицијата – Референт во Служба за методологија и извештаи

 

Локација :Скопје/Дирекција

 

Одговорности и задачи:

 

  • Изработка на анализи и извештаи за кредитната способност на клиенти (правни и физички лица), по доставени барања за одобрување на кредитни изложености (Risk opinion), 
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ, 
  •  Оценка (мерење), следење и известување (регулаторно и интерно) за нивото на кредитниот, ликвидносниот, пазарниот и оперативниот ризик, 
  •  Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците, 
  • Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing), 
  • Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по одделни видови ризици, 
  •  Активно учество во развој на процедури и политики на Банката во областа на управување со ризиците, 
  •  Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор. 

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 1-2 годишно работно искуство 
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510