Capital Bank | Financial Inovation

Очекувања за 2024 година - Александар Николовски

8

Фев. / 2024



На почетокот на тековната 2024 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Александар Николовски, Член на Управниот одбор на Капитал Банка АД Скопје.

Банкарство: Кратка ретроспектива на изминатата 2023 година. Кои настани ја одбележаа годината, дали истата беше успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Александар Николовски: Во 2023 година можеме да забележиме дека сеуште се чуствуваше влијанието на неколку последнователни кризи вклучувајки ја тука и корона кризата секако со намален интезитет но присутна, потоа зголемената инфлација, кризите од надворешното макроекономското опкружување, војните итн. но на крај  за  Капитал Банка 2023 беше успешна година. Банката забележа раст во кредитирањето особено во сегментот правни лица од 10% . Банката продолжи со стратегијата на прудентно управување со ризиците истовремено посветувајки се на усовршување на квалитетот кој го испорачавме на клиентите. Фокусот беше во задоволството на клиентот од Банката а препознавањето на партнер во работата од страна на клиентите беше нашето задоволство. Позитивното работење секогаш е плод на тимски дух на вработените и професионалност во извршувањето на работата а моделот на Банката на континуирано усовршување на своите вработени од една страна а посветеноста во СМЕ сегментот од друга стана ги испорача посакуваните резултати. Освен  редовното работење  Капитал Банка  во 2023 ги унапреди и усоврши своите дигиталните банкарски услуги особено за клиентите –   физички лица на кои им овозможивме електронска идентификација со сите поволности кои истата ги носи.

Банкарство: Кои ќе бидат нови трендови во банкарскиот сектор во 2024 година во Македонија?

Александар Николовски: Сведоци сме и генерации на брзи и динамични животни навики , па и извршувањето на банкарските услиги како неминовен и составен дел од нашето секојдневие мора да го следат животното темпо на секој поединец. Па оттука, дигиталното банкарство односно Банка со себе или Банка во мобилен и тоа не само апликација за мобилно банкарство туку комплетна услуга ке биде новата иднина во Банкарството. Овде мислиме на достап до услугите на Банките 24/7 од било каде почнувајки  од отварање на сметка, ажуририрање на податоци до кредитни производи итн. како за физички лица така и за правни лица. Секако оваа активност ке биде проследена во континуирано воведување нови и усовршување на постоечките сигурносни механизми, алатки и системи за на крај понудувајки беспрекорна сигурност и квалитет на клиентите од страна на Банките.

Банкарство: Краток коментар околу очекувањата за движењето на каматните стапки на кредитните/депозитните производи во 2024 година.

Александар Николовски: 2024 година би требало да донесе  намалување на каматните стапки. Очекувањата во  Европа и Сад  се намалувања на референтните стапки до крај на 2024 година но сепак сето тоа зависи од многу различни настани во опркужувањето како економски така и други. Глобалните ризици кои влијаат на нестабилноста се сеуште присутни што е причина за  неизвесноста на предвидувањата. Доколку предвидувањата кои се пооптимистички се остварат тоа секако ке влиаје на економијата особено во делот на кредитирањето како на физички лица така и на правните лица кои се основен двигател на економијата.

Банкарство: Колку домашните банки се дигитализирани и дали заостануваат во овој процес во однос на банките од Регионот/Европа?

Александар Николовски: Сметаме дека домашните Банки го следат трендот за дигитализација и не заостануваат на ова прашање, веке многу од клиентите, може да се даде акцент можеби на помладата популација но не и да се исклучат  повозрасните, веке се насочени на дигитални услуги. Денешницата кога сите сме кратки со време и времето стана едно од најскапите задоволста, дигитализацијата не само што ќе биде се повеке и повеке прифатена, туку и неминовна за отстанок на пазарот.

Иако традиционалното банкарство кај нас се уште е барано и тоа може така и да остане во некој подолг период, самата култура на живеење ке наметне степен кој сите ке го следиме и тука не само Банките туку сите играчи вкучени во процесот, почнувајки од Банки, нотари, катастар, проценитили итн ……за да заврши со клиентите. До сега физичките лица имаат повеке избор но во наредниот периот се очекува палетата банкарски услуги за правни лица исто така да се прошири. Комплетното живеење се повеке се дигитализира, следиме нови услуги од даватели на услуги за храна, маркети до фармација аптеки па и здравствени установи, Државни дигитализирани услуги, пошенски услуги, текстина индустрија односно со еден збор животот почнува дигитално да се менува. Сето ова ке придонесе сите да следиме и да се прилагодиме на новото денес.

Банкарство: Наведете еден новитет што Капитал Банка АД Скопје ќе го имплементира во 2024 година и што очекувате од имплементација на истиот?

Александар Николовски: Капитал Банка веќе работи на  унапредување како на електонското така и мобилното банкарство  со кои ке се подобрат услугите од истите а  клиентите ке добијат заштеда на своето време, полесен, поефикасен пристап до нашите услиги. Целта е да се смени искуството и навиките на клентот за работење со Банката преку инструментите на финансиска едукација и да се зголемат стандардите за квалитетот кон клиентот со користење дигитални услуги од Банката. Капитал Банка тежнее да биде Банка во моментот за своите клиенти и 2024 година ке ја посветиме на развој и подобрување на овие услуги за нашите клиенти.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510