Акционери

 

Во вкупната акционерска структура доминантен сопственик е Alfa Financе Holding групацијата која поседува 98.43% од акциите (www.alfafinance.bg). Волнарски комбинат "Тодор Циповски - Мерџан" Тетекс Акционерско Друштво поседува 1.09% од акциите, додека ТТК Банка АД учествува со 0.48% од вкупната вредност на акции.


Станувајќи дел од Alfa Finance Holding, водечка групација од Република Бугарија, активна во полето на финансиски услуги и извори на чиста и обновлива енергија, распространета низ цела Југоисточна Европа, од 2007 па наваму Капитал Банка промовира сосема видоизменет иновативен пристап, нова структура, менаџмент и стратегија на работење.


Холдингот е инволвиран во многу проекти ширум Бугарија и Југоисточна Европа (Албанија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Украина).


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508