Росица Милкова Лисичкова - ВД Член на Управниот одбор 

 

Ацо Илиески -Член на Управен oдбор

 


Дипломиран економист кој ги стекнува основите на банкарското работење во СБС Агро банка АД Скопје, на позиција Службеник во канцеларијата за поддршка и пластични картички. Краток период тој дава свој придонес во работењето на Министерство за трговија и Министерството за финансии на Република Македонија.

 

Од крајот на 2000 до 2003 година продолжува да работи во банкарскиот сектор, во Тутунска банка АД Скопје, на позиција Раководител на служба за депозитни работи.

 

Продолжува во Еуростандард банка АД Скопје, сè до 2007 година, како одговорен на Дирекцијата за работа со население.

 

Почетоците во Капитал Банка се од 2007 година, кога е назначен и за член на Управниот одбор. Во 2013 година е назначен за Раководител на Секторот за оперативни работи.

Во мај 2016 година повторно е назначен за член на Управниот одбор на банката. Тој е член на АЛКО, на Кредитниот одбор и на Одборот за ризици.

 

 




 

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508