Capital Bank | Financial Inovation

Врз основа на член 388 од Законот за трговски друштва и член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

 

ЈАВЕН ПОВИК

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

 

За учество на седница на Собрание на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје која ќе се одржи во седиштето на Банката на ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) на 20.10.2015 година со почеток во 12.00 часот, со следниот

 

Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

 

I . Процедурален дел

 

1. Отварање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието


II . Работен дел


4. Одлука за разрешување на членови на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
5. Одлуки за именување на членови на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Иван Денчев Ненков, член на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Росица Милкова Лисичкова, член на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Калина Василева Стефанова – Пеловска, член на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Горан Анастасовски, независен член на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Виолета Цветкоска, независен член на Надзорниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
6. Одлука за разрешување на членови на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
7. Одлуки за именување на членови на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Росица Милкова Лисичкова, член на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Калина Василева Стефанова – Пеловска, член на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Виолета Цветкоска, член на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Билјана Поповска, член и овластен ревизор на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
- Одлука за именување на Анелиа Петкова Ангелова - Тумбева, член на Одборот за ревизија на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
8. Одлука за присоединување на Штедилница МАК – БС ДОО Скопје кон КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
9. Разно

 


Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

 

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или на интернет страната на Банката www.capitalbank.com.mk.

 

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА).

 

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

 

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со Писмено известување (Овластување) на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА).

 

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 06.10.2015, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: jadranka.saveska@capitalbank.com.mk

 

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

 

 

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

 

 

1. За акционер физичко лице се приложува:

 


- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Копија од лична карта или пасош

 


2. За акционер правно лице се приложува:

 

- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци
- Последна тековна состојба од Централнниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

 

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред.
Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на Банката да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувувањето на доверливоста во работењето и деловните интереси на Банката.

 

Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на Банката ќе бидат објавени на интернет страната на банката: www.capitalbank.com.mk во форма на прашање и одговор.

 

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на адреса : до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: jadranka.saveska@capitalbank.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

 

Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

 

1.За акционер физичко лице се приложува:
- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Копија од лична карта или пасош

 

2. За акционер правно лице се приложува:
- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од седум дена
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

 

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

 

Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА), во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје и на интернет страната на Банката: www.capitalbank.com.mk

 


КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

 

 

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508