Capital Bank | Financial Inovation
Платен промет со странство

 

Платен промет во странство претставува пренос на средства од налогодавачот до корисникот, кој може да биде физичко или правно лице, а се резиденти на различни земји. Платниот промет се врши во склад со прописите на секоја земја поединечно согласно прифатени меѓународни стандарди кои ги уредуваат економските односи во странство.


Сите учесници во платниот промет со странство потребно е да имаат девизна трансакциска сметка во Капитал Банка АД Скопје.


Платниот промет се врши преку тековните сметки во странска валута на овластените банки во странство и во РМ како и преку сметките во странска валута или во денари на странските банки и други нерезиденти на РМ на начин кој го уредува НБРМ и законот за девизно работење.

 

 

Потребни податоци за испраќање средства во странство со дознака - ностро дознаки:

  • Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето;
  • Точна адреса;
  • Бројот на сметката или IBAN бројот (кој важи за повеќето западноевропски земји);
  • Бројот на филијалата т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност);
  • SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен);
  • Документ (согласно упатството за начинот за вршење на платен промет со странство);
  • Потпишани обрасци 1450.

 

Потребни податоци за прием на средства од странство - лоро дознаки:

  • Име и презиме;
  • Адреса;
  • Број на сметката или IBAN број (можете да го добиете на сите шалтери на Банката);
  • Името на нашата банка CAPITAL BANK AD SKOPJE;
  • Адреса на банката Nikola Kljusev str., No 1, 1000 Skopje, R.Macedonia;
  • Нашиот SWIFT кoд KAPBMK22.
Име на банката Валута  Конто SWIFT CODE

RAIFFEISEN BANK INTERNATIONAL AG VIENNA AT

 CHF 073-55.083.943 RZBAATWW

 RAIFFEISEN BANK INTERNATIONAL AG VIENNA AT

 GBP 083-55.083.943 RZBAATWW

 RAIFFEISEN BANK INTERNATIONAL AG VIENNA AT

 EUR 001-55.083.973 RZBAATWW

 RAIFFEISEN BANK INTERNATIONAL AG VIENNA AT

 USD 070-55.083.943 RZBAATWW

 NOVA LJUBLJANSKA BANKA DD LJUBLJANA SI

 MULTY CURRENCY SI56029130260141244 LJBASI2X
UNICREDIT BULBANK AD SOFIA BG

 EUR BG39UNCR70001521701321  UNCRBGSF

Правила на платниот промет со странство за физички лица резиденти и нерезиденти

 

Правила за добивање на парични средства:

  • Физичко лице резидент може да прими неограничен износ на средства од друго физичко лице нерезидент;
  • Физичко лице резидент може да прими неограничен износ на средства од своја сметка во странство само ако поседува работна виза или виза за престој на подолг период од 6 месеци и тоа само во периодот на важност на визата и 30 дена по истекот на истата;
  • Физичко лице може да добие прилив од правно лице нерезидент во износ кој не е лимитиран, но за основот на плаќањето ќе и даде информација на банката. Банката може да побара дополнителна документација за приливот;
  • Пропишан образец 746.

 

Правила за испраќање на парични средства:

  • Физичко лице резидент може да испрати средства во корист на друго физичко лице жител на странска држава нерезидент максимален износ од 2.500 евра месечно;
  • Физичко лице нерезидент може да испрати средства во корист на правно лице со седиште во странска држава-нерезидент износ кој не е лимитиран, но за тоа ќе мора до банката да достави документ од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, договор или слично;
  • Трансфери во странство на домашни физички лица кои се однесуваат на семејни животни трошоци, школарина, лекување и слично во противвредност до 2.500 еур месечно може да се вршат и без презентација на соодветен документ. За износи над 2500 евра задолжително се презентира документ;
  • Физичко лице резидент може да испрати неограничен износ на средства на својата сметка во странство ако поседува работна виза или виза за престој на период подолг од 6 месеци и тоа само во периодот на важност на визата;
  • Физички лица нерезиденти немаат никакви ограничувања во преносот на средствата во и од РМ или преноси помеѓу сметки на РМ.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 525;3102 559 или e-mail: info@capitalbank.com.mk

 

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508