Capital Bank | Financial Inovation
Кредитна картичка

Капитал банка АД Скопје Ви нуди можност да поседувате картичка совршено дизајнирана според Вашите финансии и потребите на животниот стил додека купувате, патувате....секаде каде што Ви е потребна.


Искористете ги безбројните можности кои Ви ги нудат платежните картички на Капитал Банка АД Скопје.
Дозволете си флексибилност, практичност и слобода во користењето на картичките во земјата и странство.

 

Користете ги вашите средства економично, едноставно и сигурно.


Користете ги кредитните картички на Капитал Банка АД Скопје од брендот на MasterCard.


Банката издава два вида на кредитни картички со револвинг кредит: Standard и Gold.

 

Каматна стапка е согласно официјалниот тарифник.

 

Како функционира кредитната картичка? 


Со користењето на картичката Вие позајмувате пари за трошење од банката, Трошењето ќе го направите сега, а позајмениот износот ќе го отплаќате во иднина. На крајот на месецот добивате извод , кој го покажува вкупниот изност што го должите и минималниот износ што треба да го платите. Доколку го платите минималниот износ, каматата ќе се пресметува на остатокот од долгот. Уплатата може да се изврши директно на шалтерот на Капитал Банка АД Скопје, или пак во било која друга банка или пошта со уплатница - образец ПП10.

 

 

Дозволете си безгрижно патување, овозможувајќи си флексибилност, практичност и слобода во користењето на картичките во земјата и странство, а воедно патувањата во текот на целата година направете ги економични, сигурни и незаборавни.

 

  • Со кредитната картичка сте ослободени од носење на пари во готовина во себе;
  • Можност со неа да ги следите и прилагодувате Вашите месечни трошења, со едноставно следење на Вашите месечни изводи;
  • Картичката може да се користи за да се покријат краткорочни трошоци до следниот редовен приход;
  • За купувате во трговија без провизија;
  • Ова е меѓународна картичка;
  • Со заштитна чип технологија;
  • Добивате грејс период од 45 дена.

 


Капитал Банка водејќи грижа за животната средина презема мерки за заштита на природaта и околината.


Бидете и Вие дел! Добивајте го својот извод во Е-мејл сандаче.

Корисник на кредитна картичка може да биде секое полнолетно лице кое е во редовен работен однос.

 


Потребни документи за добивање на кредитна картичка:

 

  • Фотокопија на лични исправи на барателот на картичката и жирантите;
  • Апликација за кредитна картичка;
  • Административна забрана на плата на барателот и гарантите;
  • Заверени податоци од плата;
  • Изјава за поврзаност и кредитна задолженост;
  • Меница со менична изјава.

 


Картичката може да ја користите на сите терминали со ознака Master Card во земјава и светот, за плаќање во трговијата, подигање готовина на банкомати согласно одобрениот лимит на истата.

 


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563; 3102 568 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.

Мали совети за одговорно користење на кредитната картичка:

 

  • Секогаш можете да вратите повеќе од минималниот износ за плаќање, со оваа постапка ќе го намалите времето потребно за отплата на долгот по кредитната картичка, а истовремено ќе штедите со плаќање на помала камата;
  • Немојте да доцните со отплатата, како не би имале дополнителни наплати и затезна камата.
  • Користете ја предноста на картичките со грејс период.

 


Во случај да ја изгубите Вашата кредитна картичка потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на телефонскиот број 02 3102 564 од 08.00 до 16.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508