Capital Bank | Financial Inovation

Дебитна картичка

 


Maestro картичката е дебитна картичка поврзана со Вашата трансакциска сметка.


Корисник на дебитна картичка може да биде секое полнолетно лице.


Дебитната картичка од брендот Maestro се добива брзо и лесно, без жиранти, меници, потврди и без задолжителен депозит.


Со помош на оваа картичка купувате во трговијата без провизија во земјата и светот на сите места каде стои ознака на Maestro, во висина на расположливите средства на Вашата трансакциска сметка.

 

За апликација потребно е да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Капитал Банка АД Скопје со документ за идентификација, каде пополнувате апликација за дебитна картичка и други документи кои ќе Ви ги посочат нашите вработени.

 

Можноста да подигнете готовина со дебитните картички Maestro на Капитал банка без надоместок сега е достапна и на банкоматите на УНИ банка и на Еуростандард банка.

 

Во случај да ја изгубите Вашата дебитна картичка потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје, или на телефонскиот број 02 3102 564 од 08.00 до 16.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563; 3102 568 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.




Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508