Финансирање на недвижен имот

 


Капитал Банка АД Скопје нуди широка лепеза на продукти за финансирање на недвижен имот во рамките на трансакции со недвижности од страна на професионални инвеститори, градежни компании, и изведувачи кои имаат добар кредитен рејтинг и адекватна вредност на имотот предмет на инвестирање.

 

Банката користи индивидуализирани финансиски модели базирани на специфичниот паричен тек на инвестицијата овозможувајќи директно таргетирање на потребите на клиентите, со скроени решенија по мерка, брзи одлуки и издржан квалитет.

 

Банката ги концентрира своите активности кон финансирање на недвижен имот кој вклучува комерцијални недвижнини (недвижнини кои генерираат приход), инвестиции во згради и земја кои треба да генерираат приходи во иднина било преку капитална добивка или преку приходи од наем (рента). Комерцијалните недвижнини опфаќаат деловни згради, индустриски недвижнини, хотели, деловни и шопинг центри итн.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508