Capital Bank | Financial Inovation

Државни записи

 

 

Државните записи се краткорочни хартии од вредност, безризичен финансиски инструмент чија исплата ја гарантира државата.

 

Капитал Банка АД Скопје врши тргување со државни записи, во име и за сметка на клиентите. Како купувачи може да се јават сите домашни и странски физички и правни лица.

 

Државните записи се продаваат по пат на аукција, на која директни учесници се банките во Република Македонија. Заинтересирани лица остваруваат индиректно учество на аукцијата по пат на доставување на понуди преку банките во Република Македонија, на пропишани обрасци.

 

Номиналната вредност на еден државен запис е 10.000 денари. Рокот на доспевање на државните записи е три месеци. Се издаваат во денари, во дематеријализирана форма, за што Централниот депозитар за хартии од вредност на имателите на државни записи им издава потврда за сопственост. Државните записи се наплатуваат по номиналната вредност, а се уплатуваат по дисконтирана вредност.

 

Каматната стапка се одредува пазарно, во зависност од понудата и побарувачката.

 

Пред издавањето на државните записи, Министерството за финансии на Република Македонија објавува шест месечен календар на аукции. Во календарот се утврдени датумите на одржување на секоја аукција, а износот за секоја аукција се објавува 4 (четири) работни дена пред денот на одржување на аукцијата во Проспект за аукција на државни записи.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 571 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508