Capital Bank | Financial Inovation

MasterCard Business картичка

Карактеристики Кредитна картичка од програмата на MasterCard со обновлив (револвинг) кредитен лимит, со можност за повлекување на готовина и плаќање на стоки и услуги во земјата и странство. Бизнис кредитната картичка гласи на име на компанијата, а може да ја користат овластени вработени во компанијата за покривање на службени трошоци. 
Таргет група Регистрирани приватни компании со позитивни резултати во работењето, активни најмалку 6 месеци пред аплицирањето
Намена Плаќање на службени трошоци и деловни патувања на компанијата
Начин на отплата Трошењата извршени во текот на месецот треба да се подмират целосно во рок од 30 дена од завршување на месецот во кој се извршени – Charge картичка. Можност за минимална месечна отплата, со која клиентот подмирува само одреден процент од потрошениот износ во рок од 15 дена од завршување на месецот во кој се извршени покупките – MRA картичка.
Каматна стапка Согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.Корисникот плаќа камата на искористениот дел од средствата. 
Надомести Годишна членарина, согласно Тарифникот на Банката
Грејс период /
Максимален износ на кредит До МКД 300.000
Обезбедување Флексибилно, во зависност од кредитоспособноста на барателот, висината на бараниот износ и кредитната политика на Банката (меница, жиранти, комбинација и сл.)
Потребно време за одобрување

Од 7 до 15 дена по доставување на сите потребни документи

 

 

Во случај да ја изгубите Вашата кредитна картичка потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје, или на телефонскиот број 02 3102 564 од 08.00 до 16.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508