Capital Bank | Financial Inovation

 

ВАШЕТО СÈ НА СИГУРНО МЕСТО!

 

 

Капитал Банка АД Скопје започна со нудење на услугата Изнајмување сефови.


Обезбедивме услови за сигурно чување на Вашите лични предмети, лични документи, вредносни документи, накит и предмети коишто се од посебно значење за Вас.


Воедно Ви нудиме можност да ги овластите и Вашите најблиски за користење на сефот без дополнителни трошоци.


Во сефот не е дозволено да се сместат: експлозивни, запаливи, загадувачки, забранети материи и киселини коишто можат да нанесат штета на издадениот сеф или на просторијата каде што се наоѓаат сефовите.

 

Во насока на континуирано следење на потребите на клиентите, Банката Ви обезбеди на располагање сефови во различни големини:

 

Мали сефови: 6*24*35см и 8*24*35см
Среден сеф: 13*24*35см
Голем сеф: 21*24*35см


Услугата е достапна за користење секој работен ден (понеделник- петок) од 8 до 16 часот во експозитурата Центар на улица „Никола Кљусев“ бр.1, Скопје.


Банката Ви гарантира тајност и дискреција при користење на сефовите.


Ве очекуваме да нè посетите.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508