Capital Bank | Financial Inovation

Нови можности за корисниците на картички

29

Сеп. / 2017



Почитувани клиенти,


Со задоволство ве известуваме дека ви овозможивме пристап до над 140 банкомати низ Р. Македонија.

Можноста да подигнете готовина со дебитните картички Maestro на Капитал банка без надоместок сега е достапна и на банкоматите на УНИ банка и на Еуростандард банка.


Подигнувањето средства со картичките MasterCard на овие банкомати ќе ве чини исто како и на банкоматите на Капитал банка, односно 2 % + 90,00 денари.


Во претстојниот период се очекува мрежата да се зголеми со уште банки.

Со почит,

Капитал Банка АД Скопје



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510