Capital Bank | Financial Inovation

Капитал Банка АД Скопје со нов шалтер во 2024 година!

25

Сеп. / 2024



На ден 16.09.2024 Капитал Банка го отвори својот нов шалтер во Радишани-Скопје кој е лоциран на Ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти и во овој дел на градот.

Шалтерот свечено го отвори директорот на Секторот за работа со физички лица Димитар Ризов.

„Проширувањето на деловната мрежа е наша стратешка определба, а со отворањето на овој шалтер, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање шалтери на Капитал Банка во ситеклучни делови на Скопје и зацврстување на брендот во нашата земја. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија“, им порача на присутните Димитар Ризов, директор на Секторот за работа со физички лица на Банката.

Најголемиот приоритет на Капитал банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец.

 

Шалтерот во Радишани се наоѓа на ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 во склоп на техчничкиот преглед ,,СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ Центар за возила ДООЕЛ Скопје’’), веднаш до ОКТА бензиската.

Ве очекуваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите кои ги нудиме за физички лица.

Нашиот стручен тим Ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги!



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510