Capital Bank | Financial Inovation
Потрошувачки кредит за управители во приватни фирми 

Намена на производот:

 

  • Кредитот е ненаменски и со одобрувањето се става на располагање на трансакциска сметка на корисникот во банката;

 


Категорија на клиенти:

 

  • Резидент на РМ;
  • Редовен работен однос, најмалку уште 1 година пред пензија;
  • Кредитоспособност;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата;
  • ТД каде барателот е Управител да отвори трансакциска сметка во банката, преку која ќе реализира најмалку 30% од платниот промет:
  • Управителот да ја префрли платата во банката.

Износ: до 90.000 МКД;

 


Номинална каматна стапка: 0,00%;

 


Рок на враќање: 15 месеци;

 


Методот на пресметка: пропорционален;

 


Исплата: на сметка на клиентот во банката;

 


Начин на отплата: месечна отплата со еднаки главници од по 6.000 МКД;

 


Провизии и надоместоци: eднократна провизија од 8.900 МКД;

 

Трошок за предвремено враќање: без трошоци за предвремено враќање.

 


СВТ: 17,18%. Пресметката е направена за износ од 90.000 МКД, каматна стапка 0,00%, рок 15 месеци и еднократна провизија 8.900 МКД (Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.).

Обезбедување:

 

  • Меница со менична изјава;
  • Административна забрана на плата на кредитобарателот/Изјава за задршка од плата;
  • Гарант: Трговското друштво во кое барателот е Управител.

 

*Банката го задржува правото да побара дополнителен гарант.

Документи:

 

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • Административна забрана на плата/Изјава за задршка од платa од кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • Заверени податоци од плата од страна на правното лице-за вработени во приватни фирми.

Процедура:

 

  • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредит.Сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја потпишува потребната документација;
  • Обработка на апликацијата за 2 работни дена.

 


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 568;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102-508