Capital Bank | Financial Inovation

 

Промотивен хипотекарен кредит за рефинансирање за физички лица што ги нуди Капитал Банка АД Скопје  

 

 

 

Основните параметри на продуктот се:

 

            Промотивен хипотекарен кредит за рефинансирање

Таргет

Сите резиденти на РCМ кои се во редовен работен однос минимум 12 месеци  со непрекинат работен стаж на определено работно време или минимум 6 месеци со непрекинат работен стаж на неопределено работно време.

Намена

Рефинансирање на кредит во друга банка

Висина на кредит

Во зависност од обезбедувањето + полиса за животно осигурување

Рок на отплата

120 месеци (минимум и максимум)

Номинална каматна стапка

5,00% променлива (6М ЕУРИБОР+ 1,115 п.п) за девизен кредит, но не може да биде пониска од 5,00% и повисока од законски пропишаната казнена камата за долг во евра.

Провизија за обработка

1,50% еднократно при одобрување минимум 1.000,00 денари

Надомест за предвремена целосна отплата на потрошувачки кредити обезбедени со хипотека

Во случај на целосна или делумна предвремена отплата во период на факсна каматна стапка на кредитот

  • 5,00% од износот на предвреме отплатената главница
  • 1,00% од износот на предвреме отплатената главница со сопствени средства по истекот на 5 година

Административен надомест

200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ)

 

800 МКД еднократен трошок за аплицирање за станбен кредит

Изработка на нова динамика на враќање на кредит

1,00% од неотплатената главница, мин 1.000,00 денари, максимум 10.000,00 денари

Отплата

Месечна отплата со еднакви ануитети

Користење на средствата

Одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје

 Обезбедување

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • хипотека на недвижен имот; при што одобрениот износ на кредитот треба да е 70% од проценета вредност на колатералот;
  • Договор за гаранција;

 

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

* не земајќи го в предвид износот потребен за плаќање на премијата за животното осигурување

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот од 73 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Максимална задолженост 50% од нето-приход за вработени во ЈП, фирми финансирани од Буџет, АД и бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката, односно максимум 45% за сите останати баратели
  • **Плата во Капитал Банка (задолжително)
  • *Полиса за животно осигурување (задолжително)

* не земајќи го в предвид износот потребен за плаќање на премијата за животното осигурување

**45 дена рок за префрлање на платата во КБ. Доколку не се префрли во одредениот рок или после одреден период примање на плата во КБ ја префрли во друга банка ќе му се пресметува законски пропишаната казнена камата.

Неопходна документација

  • Документ за идентификација
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос и висина на плата)
  • Административна забрана на плата или за правни лица кои не заверуваат забрани на плата задолжителен услов плата во Капитал Банка;
  • Извод од трансакциска сметка за последните шест месеци
  • Проценка од овластен проценител;
  • Имотен лист;
  • Документ за вкупен долг по основ на кредит издаден од банката
  • Полиса со винкулација во корист на Банката.
  • Дополнително за вработени во мали приватни комании

-       М1/М2 образец

-       ПП 53 Декларации за прием за последни 3 месеци

Начин на отплата

Административна забрана на плата, траен налог или автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка

Поврзани производи

  • Задолжителна кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот во износ од две плати.
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.
  • Бесплатно активно електронско/мобилно банкарство

Одобрување

10 дена од комплетирање на потребната документација

СВТ

СВТ: 5,46%

- Пресметката е направена за износ од ЕУР 30.000 со каматна стапка 5,00% променлива (6М ЕУРИБОР+ 1,115 п.п) за 10 години, рок на отплата 120 месеци, провизија за одобрување 1,50% и 800 мкд еднократен трошок за аплицирање.

Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката како и бонусот за лојалност од 5,00%.

- Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и  износот на полисата за животно осигурување.

 

 

 

  • 5,00% бонус за лојалност од вкупниот износ на кредитот (без износот на полисата за живот) исплатен на сметката на кредитобарателот откако ќе биде отплатен кредитот, само доколку кредитот е во категорија на ризик А за целиот период на времетрање и без задоцнување на месечените ануитети. Доколку предвреме се затвори кредитот, не следува бонус за лојалност.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510